Почитувани учители, наставници, педагози, воспитувачи и професори,

Станете партнери во светското одбележување на 70 годишнината од формирањето на Северно- атлантската алијанса (НАТО пактот) кое се одвива паралелено во сите земји членки и партнери на НАТО.

Прашајте ги децата и младите што е тоа НАТО и внимателно слушнете ги нивните одговори. Подготовки не се пожелни, за да можеме да слушнеме што сфатиле и научиле од информациите кои кружат секојдневно околу нив. Ветуваме дека ќе биде интересно, полно со забавни моменти, изненадувачки мудрости, очекувани и неочекувани досетки и асоцијации, па дури и критики. Не грижете се дали децата се малечки за да дадат некаков одговор на ова прашање, бидејќи во нашата игра не постојат погрешни одговори, а сите се драгоцени со својата уникатност.

Земете учество на следниот:

К О Н К У Р С

ГАУС Институт – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење од Битола потпиша договор со Северно-атлантската алијанса (НАТО) за имплементација на проект Children@Game.Edu.NATO со цел одбележување на 70 годишнината од формирањето на НАТО. По тој повод отвора јавен повик за учество во награден конкурс.

Конкурсот е отворен за едукатори и стручни соработници во улога на ментори  на деца на возраст од 4 до 17 години. Можат да се јават за сите вработени во државни и приватни основни и средни училишта, градинки и центри за детски развој кои сакаат да се вклучат во реализацијата на истражувачки активности кои имаат за цел да соберат податоци за поимите и претставите на младата популација околу поимот и значењето на НАТО. Добредојдени се сите лични претстави, искрени одговори , авторски и оригинални.

Еден ментор може да земе учество со повеќе трудови во сите категории во рамки на конкурсот.

Сертификацијата на учесниците, прогласување на наградените поединци и училишта, како и промоцијата на збирките со материјали (вкупна видео приказна и печатена книга со Ваши трудови, искази или цртежи) ќе се изведе за време на свечен настан во организација на ГАУС Институтот, пред самиот крај на школската година.

КАТЕГОРИИ

  1. Мини приказна „Што е тоа НАТО?“

Прашајте ги учениците што е тоа НАТО и замолете ги да ги запишат своите искрени претстави во форма на одговор на Вашето прашање.

Одговорот на испитаникот мора да биде искрен, а може да биде сосема краток, или пак да содржи дополнителна содржина со која детето ќе се изјасни по ова прашање вклучувајќи лични мислења, ставови и очекувања.

Добредојдени се и есеи кои одговараат на темата.

Едукаторот за пријава испраќа сумиран Ворд документ со збирка на повеќе одговори запишани со кирилична поддршка и имиња на децата испитаници (соодветно име и возраст на дете, после секој запишан исказ, мини текст или есеј). Документот се испраќа на е-маил адреса: nato@gaussinstitute.org

  1. Цртеж или стрип на тема „Што е тоа НАТО“

Прашајте ги учениците што е тоа НАТО и замолете ги да ги нацртаат своите искрени претстави како одговор на Вашето прашање. Форматот и техниките за изработка на цртежите се слободен избор на менторите и учениците.

Содржината на цртежот треба да одговара на возрасните карактеристики на ученикот автор. Ученикот автор има задача и право да ги презентира своите лични. искрени сфаќања, погледи и претстави, независно од ставовите на околината.

Цртежите се испраќаат потпишани со име  на автор и возраст на ученик од предната страна (на самото лице на цртежот) заедно со податоци на едукаторот- менторот и училиштето/ институцијата/ градинката на задната страна на цртежот, скенирани по е-маил на nato@gaussinstitute.org или по пошта на следната адреса ГАУС Институт, Питу Гули 27, 7000 Битола

  1. Мини филм на тема „Што е тоа НАТО“ (до 1 минута)

Видео материјалот со формат 16:9 (хоризонтална снимка) и солиден квалитет, треба да содржи исклучиво слободни, кратки, сосема искрени и уникатни искази на ученици, на кои им било поставено прашањето „Што е тоа НАТО“.

Еден автор може да испрати и повеќе филмови со трање до 1 минута, на следната меил адреса nato@gaussinstitute.org

Во испратениот е-меил очекуваме податоци за авторот, имиња на испитаниците по редослед на појавување во филмот, возраст и училиште.

Снимките можат да бидат направени во добро осветлена просторија или на отворено.

Бројот на испитани ученици во еден филм е слободен избор на авторот на филмот (наставник или ученик во улога на автор).

Секој искрен одговор е добредојден и точен, се додека одговара на возрасните карактеристики на испитаникот, независно дали се поклопува со ставот и/или претставата на авторот на филмот и независно од тоа дали испитаникот има јасни или нејасни претстави за поимот НАТО во тој миг.

Филмот не смее да содржи позадинска музика и визуелни додатоци, за да биде погоден за понатамошно целосно или делумно вклопување во промотивен филм.

Авторот на филмот презема лична одговорност околу согласноста од родителите на снимените ученици.

ОПШТИ УСЛОВИ

Организаторот го задржува правото за јавна промоција на добиените материјали.

Пристигнатите материјали ќе бидат промовирани на голем настан во Битола, кон крајот на учебната година на кој ќе бидат прогласени и наградени најдобрите творби. Трошоците за учество на настанот на сите учесници (пат, сместување, храна) ќе бидат покриени од ГАУС Институтот.

Сертификатите за учество ќе бидат обезбедени за сите учесници кои ќе се јават на конкурсот, а истите ќе бидат свечено врачени на настанот во Битола, заедно со награди за најуспешните и најупорните автори.

Рок за испраќање на материјалите е 4 Мај 2019 (Сабота)!

За дополнителни информации пишувајте или прашувајте го експертот на ГАУС Институтот кој ќе го координира Конкурсот, наставничката Весела Богдановиќ на тел. 071 318 663 или на FB Messenger https://www.facebook.com/vese.vesela

Children@Game.Edu.NATO